ГЕОРГИЕВ, Петре

ГЕОРГИЕВ, Петре (с. Папрадиште, Велешко, 1884/5 – Скопје, Петре Георгиев 30. Ⅹ 1966) – столар, социјалистички деец и новинар. Завршил француско трговско училиште и како столар се вклучил во работничкото движење (1902) во Скопје. Бил еден од основачите на Скопската социјалдемократска организација (1909), библиотекар и секретар на Месниот мешовит синдикат. Како делегат од Скопје, учествувал на Социјалистичката конференција во Солун (1910). Бил уредник на в. „Социјалистичка зора” (1910-1912) и секретар на Обласниот секретаријат на СРПЈ(к) со седиште во Скопје (1919) и уредник на обновениот в. „Социјалистичка зора” (1919). На парламентарните избори (1920) бил избран за народен пратеник на листата на КПЈ за Штипска и Тиквешка околија. До крајот на својот живот им останал верен на своите комунистички определби. ИЗВ.: Спомени на Петре Георгиев, ракопис во АИНИ-Скопје; Кратка биографија на Петре Георгиев, жител на град Скопје, ул. „48”, бр. 51, на ист. место.ЛИТ.: Орде Иваноски, Работничкото и синдикалното движење до Македонија до 1918 година, Документи за револуционерни и единствени синдикати на Македонија, т. И, „Комунист”, Скопје, 1985, 163, 274 и 285. С. Мл.