ГЕОРГИЕВ, Петар

ГЕОРГИЕВ, Петар (Битола, 1880 – с. Цер, Демирхисарско, 11. Ⅳ 1905) – учесник во Илинденското востание. Се школувал во Битолската гимназија. Бил припадник на ТМОРО, по задача ја извршил ликвидацијата над попот Ставре во Битола (18. Ⅷ 1900). Како војвода, учествувал во Илинденското востание. Бил опколен од османлиска војска кај с. Цер (Демирхисарско), каде што заедно со војводата Христо Узунов и со целата чета извршиле колективно самоубиство (1905). ИЗВ. иЛИТ.: ЦДА, ф. 770, оп. 1, а.е. 69, л. 143; Борбите в Македония и Одринско 1878–1912. Спомени, Софи®, 1981; Х. А.-Полјански, Христо Узунов, Охрид, 1985. Ал. Тр.