ГЕВГЕЛИСКО-ВАЛАНДОВСКА КОТЛИНА

ГЕВГЕЛИСКО-ВАЛАНДОВСКА КОТЛИНА – се наоѓа во јужниот дел на РМ. Се протега во меридијански правец по течението на Вардар во должина од околу 30 км. широчината се движи од 6–8 км. Котлината е сместена помеѓу планината Кожуф од запад и ниските планини: Плауш, Боска и Карбали од исток; клисурата Демир Капија од север и Циганската Клисура од југ. Површината $ е 1.000 км². Со Факиров Рид (507 м) е поделена на два дела: Гевгелиска Котлина на југ и Валандовска Котлина на север. Котлината на југ до градот Гуменџе во Егејскиот дел на Македонија е позната под името Бојмија. По својот настанок е тектонска котлина, спуштена по должината на раседни линии на кои се јавуваат повеќе термоминерални извори. На еден од нив е изградена и бањата Негорци. Дното на котлината или рамничарскиот дел зафаќа површина од 153 км², со просечна надморска височина од 80 м. Овде се наоѓа и најниската точка на РМ, 43 м. Дното на котлината е препокриено со дебели пластови на флувијален материјал што го таложеле притоките на реката Вардар. Гевгелиско-валандовската Котлина е една од најтоплите во РМ, а тоа е поради близината на Егејското Море. Средногодишната температура на воздухот е најголема и изнесува 14,2°Ц, годишното колиборци, главно од Гевгелија и с. Гевгелиската Котлина чество на врнежи 694,6 мм, а годишната сума на температурата 5.201°Ц. Во котлината се развиени три градски населби: Гевгелија, Валандово и Богданци. ЛИТ.: А. Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија , ПМФ, Скопје, 2003. Т. Анд.