ГАЦЕВА-БОГОЕВА, Гордана (Скопје, 1954) – професор на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје и научник во под-рачјето на полимерите. Се школувала во Белград и во Софија, а дипломирала, магистрирала и докторирала на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (1987). Има повеќе специјализации во земјата и во странство. Работи на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје (од 1978), а како редовен професор од 1999 г. Подрачја: хемија, физичка хемија и технологија на синтетски полимери и влакна, како и на полимерни композитни материјали. Автор е на учебници и помагала, како и на бројни научни трудови, патенти и истражувачки проекти. ЛИТ.: „Билтен УКИМ”, бр. 723, од 16. Ⅱ 1999 г., стр. 125; 40 години Технолошко-металуршки факултет – Скопје, монографија, ТМФ Скопје, 2000 г., стр. 65.Св. Х. Ј.