ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ

ГАМЕТОГЕНЕЗА, РИБИ – созревање на машки и женски поло-ви клетки, гамети. Половите клетки кај рибите се развиваат во тек на еден репродуктивен циклус, период во кој една генерација на герминативни клетки се оформува во функционални гамети. Морфолошките одлики на гаметогенезата и развојот на гонадите во текот на репродуктивниот циклус се изучувани кај повеќе видови риби од природните езера на РМ. Најголем дел од истражувањата се извршени во Одделението за хистологија и ембриологија на Институтот за биологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Д. Р.-З.