ГАВРИЛ Радомир (? – 1015) – син на Самуил и на Агата, македонски цар (1014–1015), совладетел и наследник на Самуил. Во Битола имал свои дворци и главна резиденција. Со силата и со храброста, му бил десна рака на Самуил, особено во војната против Византија. Учествувал во сите поважни битки што ги водел Самуил против Византијците: во битката кај Трајановата врата (986), битката кај Сперхеј (996), Беласичката битка (1014). Двапати (кај Сперхеј и кај Беласица) го спасил татка си и го извлекувал од бојното поле, по загубените битки. По поразот кај Беласица, во теснината југозападно од Струмица, ја победил византиската војска и го убил солунскиот дукс Теофилакт Вотанијат, кој ја предводел. Како совладетел на татко му ги управувал териториите околу Петерско и Островско Езеро и Пелагонија. По смртта на царот Самуил, го презел престолот, на којшто претендирал и неговиот братучед Јован Владислав, син на Арон, постариот брат на Самуил, кој сметал дека има повеќе право. На тоа бил поттикнуван и од Византијците, да го убие својот роднина за да ја Гаврил Лесновски освети смртта на татко му и да го преземе престолот. Гаврил Радомир како владетел водел, главно, дефанзивна политика, настојувајќи да ги зачува териториите што ги наследил од татко му. Не успеал да го спречи походот на императорот Василиј Ⅱ, кој ги освоил Прилеп и областа Раец, а во Битола ги запалил неговите дворци, но градот не го освоил (1014). Византијците ја освоиле и Мегленската област (1015). Поради воената надмоќ на Византија, несредената внатрешна ситуација во државата и отворените аспирации на Јован Владислав на престолот, предложил склучување мир. Императорот Василиј Ⅱ не прифатил. Борбата за власт ја слабеела државата, Гаврил Радомир, иако познат како храбар и искусен воин, не успеал посериозно да ги загрози Византијците и бил принуден на постојана дефанзива. Бил оженет со унгарска принцеза, со која го имал синот Петар Делјан. По освојувањето на Лариса (985/6) се оженил со убавата Ирина, а бремената унгарска принцеза ја протерал од државата. Летото 1015 бил убиен од Јован Владислав, за време на лов кај местото Петерско, на југозападниот брег од истоименото езеро. ЛИТ.: С. Антолјак, Самуиловата држава, Скопје, 1969; С. ПириватриÊ, Самуилова држава, Београд, 1997. К. Аџ. Гаврил Светогорец, епископ велички