ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ

ВРАНЕШНИЧКИ АПОСТОЛ – одломка од кирилички полн апостол од втората пол. на ⅩⅠⅠⅠ в., 26 л., Загреб, библ. на ХАЗУ, сигн. ИИИА48. Наречен според македонското с. Вранештица, Кичевско, од каде што му е испратен на А. Михановиќ. Содржи фрагмент од Делата на св. апостоли (А1:1–17:15 со две лакуни: А14:4–15:13, А15:37 –16:35). Препишан е од архаична предлошка со траги од глаголичката охридска традиција, која наоѓа одраз пред с” во лексиката на краткоапракосните четива, додека комплеторните се дополнувани од предлошка поврзана со преславските традиции. Еден од ретките претставници на апостолите од првата редакција со целосен текст. По правописно-јазичните особености карактеристичен претставник на Кратовската школа: едноеров правопис (само 6), тенденција кон употреба само на малата носовка, ограничено мешање на носовките под влијание на охридските традиции, потврди за изговорот на 4 како у во согласност со северномакедонската средина. Издаден и проучен од Б. Конески. ЛИТ.: Б. Конески, Вранешнички апостол, Скопје, 1956 (фототип., студија за палеограф. и јаз. особености). Зд. Р. С. Вранештица, Кичевско