ВОСТАНИЕ НА ДРАГОТА (1255) – месно востание во Мелник против никејската власт. Драгота бил поставен од Никејците за управник на градот, но не бил задоволен од нивната власт и кренал востание, кое го зафатило целиот регион на Средна Струма. Востаниците ја опколиле тврдината Мелник, каде што се засолнил никејскиот гарнизон, но не успеале да ја освојат. Императорот Теодор Ⅱ Ласкарис со голем војска, преку Сер, се упатил кон Мелник. Востаниците подигнале дрвена преграда (дема) и ја затвориле Рупелската Клисура. Никејците ноќе ненадејно од зад грб ги нападнале и ги разбиле востаниците. Истата ноќ императорот пристигнал во Мелник, го освоил градот и ги ослободил опсадените никејски војници. Никејците сурово се пресметале со востаниците. ЛИТ.: К. Аџиевски, Востанието на Драгота (1255 г.), „Историја“, ЏЏЏИВ/ЏЏЏВ, 1–4, Скопје, 1998–1999. К. Аџ.