ВЛИЈАНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ВРЗ ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

ВЛИЈАНИЕ НА ИНДУСТРИЈАТА ВРЗ ПРЕСТРУКТУРИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА – промени во составот на националната економија предизвикани од индустријализацијата. Процесот на индустријализација донесе структурни промени во вкупната национална економија. Основна промена беше континуираното намалување на учеството на земјоделството (процес на деаграризација), наспроти зголемувањето на учеството на индустријата (процес на индустријализација). До почетокот на 1980 г., индустријата и земјоделството си ги променија местата. Во текот на 1950-тите години земјоделството создавало околу 40% од ОП, а индустријата под 20%, додека 1980-тите години состојбата била обратна: индустријата создавала над 40% од ОП, а земјоделството под 20%. Во наведениот период апсолутен пораст бележело како индустриското така и земјоделското производство. Меѓутоа, индустријата растела со повисока стапка од земјоделството, што довело и до промена на релативните соодноси. Во периодот 1956–1970 г., стапката на пораст на индустријата била околу 13–14%, а на земјоделството 3–4%. Во периодот 1971–1980 г., индустријата растела со просечна стапка од околу 7–8%, а земјоделството со стапка од 1–2%. Порастот на релативното учество на индустријата и намалувањето на учеството на земјоделството во вкупното стопанство претставува логична промена и нормален развој на стопанската структура, иако тој процес беше проследен со бројни деформации. Во 1990-тите години, во услови на криза, беше поп-речен економскиот развој и нормалниот процес на формирање на стопанската структура. На ова, покрај другото, влијаеше и фактот дека нарушените услови за развој различно се одразуваа врз одделните дејности. Во тие услови, сите дејности и стопанството во целост го намалуваат производството, но кај некои дејности тоа е изразено во поголема, а кај други во помала мера. Така, во текот на 1995 г., поради големото опаѓање на индустриското производство (со негативни стапки до –15%), учеството на индустријата се намалило на околу 43%. Од друга страна, поради помалото опаѓање, а во некои години и поради пораст, земјоделството го зголемило своето учество од вообичаените 17% кон крајот на 1980-тите години, на невообичаени 27% во 1995 г. Сепак, ваквата промена во стопанската структура многу повеќе беше резултат на опаѓањето на индустриското, отколку на малиот пораст на земјоделското производство. Врз основа на искуството на развиените земји, во наредниот период претстои натамошен развој на индустријата, што ќе предизвика целосно преструктурирање на стопанството во земјата. Сè повеќе се Учество на одредени дејности (сектори) во структурата на БДП – во % – на земјоделството на околу 11% од БДП и натамошен пораст на 1990 1992 1994 1996 1998 2000 2002 2004 учеството на услужниот сектор. Земјоделство* 9,2 17,4 11,4 13,4 11,4 12.0 10,0 11,3 ИЗВ.: Министерство за финансии, Годишен Индустрија** 35,0 32,4 19,5 22,4 18,1 17,3 15,5 15,0 економски извештај 2001, Скопје, 2002, 156; Градежништво 7,8 5,6 5,1 5,9 5,8 5,7 4,9 5,6 Државен завод за статистика, Статистич-Услуги 48,0 14,6 64,1 58,3 52,9 54,2 -ки годишник на Р Македонија 2006, Скопје, 2007, 306–307, 433; Државен завод за статис* од 2001 година – Земјоделство, лов и шумарство тика, Статистички преглед: индустрија и ** од 2001 година – Преработувачка индустрија енергија, (одделни изданија: 1999–2003, прифаќа објективната потреба идниот развој да биде заснован на новите техники и технологии, со што значајно ќе се намали бројот на работниците кои директно ќе работат во производството. Во догледно време индустријата и понатаму ќе создава најголем дел од БДП, но ќе порасне улогата на другите сектори, како што се услугите и сервисите, особено во поглед на вработувањето. Овие тенденции можат да се препознаат во наведените табели. Во првата е прикажано учеството на индустријата, на земјоделството, на градежништвото и на услугите во создавањето на БДП. Анализата на овие податоци не го менува основниот заклучок. Учеството на индустријата од 35% во 1990 г. се намалило на 22,4% во 1996 г., кога започнува повторно пораст на индустриското производство. Сепак, нејзиното релативно учество и понатаму се намалува, а релативното учество на услугите, односно на другите дејности е стабилно. Повисокото релативно учество во 1994 г., всушност, е резултат на опаѓањето на индустриското производство. Во втората табела е претставена новата Национална класификација на дејностите во која индустријата е сведена на преработувачката индустрија, а рударството и енергетиката се посебни сектори. Вака искажаната структура може да се споредува со други земји, но не и со поранешната структура на стопанството на РМ, бидејќи такви податоци, освен за 1997–2001 г., засега не постојат. Затоа и претходната анализа беше изведена според старата класификација на дејностите. Сепак, основната тенденција во структурните промени, искажана и според Новата национална класификација, останува непроменета. Имено, дополнително опаѓање на учеството на индустријата на околу 15% од БДП, зацврстување на учеството БДП според производниот метод и според новата Национална класификација – по тековни цени – НКД Назив на секторите 1997 2000 2002 2003 2004 сектор А Земјоделство, лов и шумарство 11,0 10,1 10,0 11,4 11,3 Б Рибарство 0,03 0,0 0,0 0,0 0,0 В Вадење руди и камен 1,0 0,8 0,4 0,4 0,4 Г Преработувачка индустрија 18,9 17,3 15,5 15,8 15,0 Д Снабдување со електрична 4,5 4,4 3,7 4,7 4,2 енергија, гас и вода Ѓ Градежништво 5,3 5,7 4,9 5,4 5,6 1999–2004, 2000–2005), Скопје; Државен завод за статистика, Статистички преглед: Индустријата во Република Македонија (одделни изданија: 1966–1970, 1993–1998, 1996–2000, 1997–2001), Скопје; Народна банка на Република Македонија , Билтен Ⅲ/2, Скопје, декември 2002. ЛИТ.: Службен весник на Република Македонија , бр. 20/98, Скопје, април 1998; Владимир Петковски, Индустријата и развојот, Скопје, 1994; Никола Узунов, Ангел Георгиев, Пеце Недановски, Применета економија, Скопје, 2003; Цхристопхер Пасс, Брѕан Лоњес, – Леслие Давиес, Цоллинс Дицтионарѕ оф Ецономицс, фоуртх едитион, Цоллинс, Оџфорд, 2005. П. Н.