ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОЛОШКИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ШУМСКИОТ ПОКРИВАЧ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЛИЈАНИЕ НА ЕКОЛОШКИТЕ ФАКТОРИ ВРЗ ШУМСКИОТ ПОКРИВАЧ ВО МАКЕДОНИЈА. Еколошки фактор претставува елемент од надворешната средина што врши директно дејство на изгледот, структурата и распространувањето на шумските фитоценози. Овие фактори се многубројни и најчесто се делат на климатски, почвени, релјефни и биотски. Релјефните фактори не се вклопуваат во оваа дефиниција, но сепак се издвојуваат, би-дејќи тие многу влијаат на другите еколошки фактори. Температурата го условува хоризонталниот и вертикалниот распоред на вегетацијата, зависно од должината на вегетациониот период. К. Рубнер (1965) ја поделил средна и северна Европа на шумски подрачја, според должината на вегетациониот период. Тргнувајќи од неговата класификација шумите на дабот прнар се развиваат во текот на 300-360 дена вегетационен период, а шумите на дабовите благун и плоскач за 240–300 дена, додека буковите шуми се развиваат во текот на 120-180 дена. Водата многу остро ги диференцира шумските заедници. Извор на вода се врнежите. Тие се карактеризираат со количини и распоред во текот на годината. Одамна било познато дека врнежи од 500 мм во Северна Европа значи влажна клима, а во Северна Африка сува клима. Тоа е последица од испарувањето и од заситеноста на воздухот со водена пареа. Поради тоа, за карактерот на климата се користат показатели на интегралното дејство на врнежите и температурата. Најдобра претстава за карактерот на климата се добива преку климадијаграмот по Х. Њалтер (1955). Климадијаграмите за главните метеоролошки станици во Македонија се прикажани во книгата „Карактеристики на климатско-вегетациско-почвени зони (региони) во Република Македонија ”, од Филиповски и др. (1996). Од климадијаграмите се гледа дека сите климазонални дабови фитоценози се ксерофилни, бидејќи се развиваат во услови на летна суша, а буковите фитоценози се мезофилни би-дејќи се развиваат во услови каде што нема период на суша. Освен овие, постојат и хигрофилни фитоценози покрај реките и блатата. Еколошката улога на снегот се забележува на патиштата на лавините. Таму се развиваат фитоценози, кои бараат заштита од зимски студови (на пр. Асс. Рхамнус фаллаџ-Лоницера форманекиана). Освен тоа, во субалпскиот појас, поради постојано полегнување и исправување на младата шума, стеблата остануваат повиени. Маглата има голема еколошка улога. Таа претставува кондензирана водена пареа во приземниот слој на воздухот. Маглата во субалпскиот појас трае доста долго, од есен до пролет. Во планинскиот појас таа е пократкотрајна, додека во суппланинскиот слабо до-аѓа до израз. Но на некои планини во клисурите каде што нема ветер, екстразонално се развива букова шума, на пример, клисурата Матка. Но најчесто е шума од црн габер (Острѕа царпинифолиа). Во длабоки сенковити долови со висока воздушна влага, се развива шума од орев и од див костен. Од посебно еколошко значење е дефицитот на воздухот со водена пареа. При дефицит од 15 мм е границата на шумата, а при дефицит од 10 мм е граница на смрчевата шума. Ветерот многу влијае на формата на стеблата, особено на испреплетувањето на гранките. На Кичиница (Бистра), целата шума од ела е превртена и скршена. Од почвените фактори, значителна улога има реакцијата рН. По планините на Источна Македонија, источно од Вардар широко е распространета ацидофилната букова шума асс. Лузуло-Фагетум, а западно од Вардар таа не се среќава. Во Македонија, од особено значење се камењарите. На доломитните камењари се развиваат борови шуми, на гранитните моликови шуми, на серпентинските шуми од дива фоја, а на варовични камењари растат шибјаци од шимшир и јоргован. Р. Р.