ВЛЕКАЧИ (Рептилиа) – најниско организирана класа на вистински копнени ’рбетници, во која се вклучени 4 реда (ред премосници – Рхѕнцхоцепхалиа; ред желки – Цхелониа или Тестудинес; ред крокодили – Цроцодилиа; ред лушпести влекачи – Сљуамата или Лепидосауриа со два подреда: подред гуштери (Лацертилиа или Сауриа) и подред змии (Опхидиа или Серпентес). Тоа се главно копнени животни, со исклучок на крокодилите, повеќето желки и некои видови змии, кои се приспособени за живот во вода или покрај вода. Немаат постојана телесна температура (ектотермни или ладнокрвни), а нивната кожа е покриена со лушпи. Повеќето видови се разможуваат со јајца, а само мал број раѓаат живи млади. Парењето се врши напролет, по завршување на зимскиот сон. За разлика од водоземците, сите влекачи имаат директен развој (отсуствува стадиум на ларва), што значи дека подмладокот уште веднаш наликува на своите родители. Тие се грабливки и се хранат со други животни, кои или непотполно ги џвакаат, или ги голтаат цели. Само некои видови желки се хербивори (растителнојадни). Во Македонија од влекачите се регистрирани 4 видови желки, 12 видови гуштери и 16 видови змии. ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Ј-П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин, М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997; С. Брелих – Г. Джукиќ, Цаталогус Фаунае Југославиае. ИВ/2 Рептилиа, Ацадемиа Сциентиарум ет Артиум Словеница, Лјублјана, 1974. Св. П. – В. Сид. Дива фоја (Јуниперус Еџцелса) освојувач на раздробените карпи