ВИТОЛИШТЕ – централна населба во Мариово. Се наоѓа во прилепскиот дел на Мариово, во западното подножје на планината Козјак, од двете страни на Витолишка Река на надморска висина од околу 800 м. Со Прилеп е поврзана преку современ асфалтен пат. Во минатото В. било големо село населено само со Македонци. Во 1961 г. во него живееле 1.291 ж. Во подоцнежните години селото било зафатено од силна миграција, така што во 2002 г. овде останале да живеат само уште 170 ж. Преселувањето главно би-ло насочено кон околните град-Мариовското село Витолиште ски населби, но најмногу кон Прилеп. Во В. останале да живеат главно стари лица кои се занимаваат со сточарство и со одгледување пчели. Во околината на селото има лигнит со резерви од околу 100 милиони тони. Ал. Ст.