ВИСОИ

ВИСОИ . (с. Беранци) – некропола под тумули од железното време (И и Ⅱ). Три тумули се откриени во 1954 г. Истражен е најголемиот родовски тумул со 47 гробови цисти од камени плочи, распоредени радијално околу најстариот централен гроб. Околу нив има прстен од камења. Најдени се богати гробни прилози: геометриски скифос, очилеста фибула, спирална белезица, лабрис и меч (во централно поставениот гроб на родоначалникот) и рачно работена Висои во с. Беранци – дел од гробовите во тумулот И груба керамика, бронзени игли, двојни игли, обетки, висулци макова чашка, врвови од копја, мониста од бронза и стаклена паста и др. (во другите гробови). Наодите се чуваат во Заводот и Музеј во Битола. ЛИТ.: Д. Митревски, Протоисториските заедници во Македонија, Скопје, 1997, 96. Д. З.