ВИДИН ГРАД

ВИДИН ГРАД – археолошки локалитет над селото Водоврати (Велешко), на околу 500 м северно од централниот дел на селото, на платото Рамниште. Одалечен е околу 9 км од Стоби и 3 км од р. Вардар. Евидентирани се културни остатоци од неолитот до доцна антика. На површината се забележуваат остатоци од темели и ѕидови од градби, камења измешани со малтер, делови од обработен мермер и градежна керамика. ЛИТ.: Б. Јосифовска–Драгојевић, Прилог локализовању града Аргоса у Пеонији, Жива Антика, ⅩⅤ–1, Скопје, 1965. К. Аџ. Благоја Видиниќ