ВЕЗЕНКОВ, Константин

ВЕЗЕНКОВ, Константин (Крушево, 1866 – Феодосија, Крим, 1878) – револуционер и брат на Стојан Везенков. Завршил Медицински факултет во Москва. Работел во Санитетот во Кишињев. Учествувал како доброволец во Руско-турската војна, во одредот на генералот Гурко, како командир на коњаничка чета. Во борбите бил тешко ранет. За покажаната храброст бил унапреден во „дворски советник”. За заслугите бил одликуван со ордените „Св. Ана од Ⅲ степен со мечеви”, „Св. Станислав од Ⅱ степен” и „Св. Владимир од Ⅳ степен”. ЛИТ.: Максим Стојаноски, Стојан Везенков 1808–1897, Битола, 2004. В. Ст.