ВАЈАН, Андре (Ваиллант, Андрé) (Суасон, 1. Ⅶ 1890 – Париз, 23. Ⅳ 1977) – француски славист, класичен филолог и романист, дописен член на МАНУ (од 25. Ⅻ 1969). Бил професор на Ñцоле натионале дес лангуес ориенеталес, Ñцоле пратиљуе дес Хаутес Ñтудес и Цоллéге де Франце, наследник на Андре Мазон. Првиот непосреден допир со Македонија го имал како француски војник на Солунскиот фронт во времето на Првата светска војна. Тогаш, како потпоручник во Главниот штаб, имал задача во „околината на Лерин да ја испита јазичната ситуација, обичаите и спомениците“, при што започнал и со собирање на македонски народни песни и приказни. Притоа, меѓу другото, утврдил дека „Во Македонија, српска и грчка, постои само македонски јазик…“ Во неговите научни истражувања посебно го интересирале и старословенскиот јазик и книжевноста, компаративната граматика на словенските јазици и сл. Се занимавал и со македонската дијалектологија и македонскиот јазик во рамките на јужнословенската јазична група. Автор е на дваесетина книги и на голем број статии и други прилози. По катастрофалниот Скопски зем-Андре Вајан: Компаративна граматика на словенските јотрес (1963), В испратил книги во Скопје. Бил дописен член на ЈАЗУ и САНУ. БИБ.: Марко Кралјевиќ ет ла Вила, „Рéвуе дес Ñтудес Славес“, Ⅶ, Парис, 1928; Лес цхантс éпиљуес дес Славес ду Суд, Парис, 1932; Ле проблèме ду славе мацéдониен, „Буллетин де ла Социéтé де Лингуистиљуе де Парис“, вол 39, 2, Но 116, Парис, 1938, п. 195; Мéлангес Јулес Леграс, Парис, 1939; Марко Кралјевиќ ет сон фрêре Андријаš, Мéлангес Хенри Грéгоире, И, Бруџеллес, 1949; Ун леџиљуе мацéдониен ду ⅩⅤⅠ сиéцле, Парис, 1958. ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 196–197; истиот, Профили и пројави од македонската литературна историја, И, Скопје, 1982, 17–24. С. Мл. Густав Вајганд