ВАРНАЛИЕВ, Јордан (Велес, 1883 – с. Карбинци, Штипско, 11. Ⅲ 1903) – кратовски војвода. Се школувал во Солунската егзархиска гимназија. Откако завршил четири класа во споменатата гимназија, заминал во илегалност. Од почетокот на 1901 г. станал четник, а подоцна организатор и војвода во Кратовско. Во бојот кај селото Карбинци, за да не падне жив во рацете на османлиската војска, се самоубил. ЛИТ.: Н. Зографов, Строежа на живота, Софи®, 1927. Ал. Тр.