„ВАРДАР“ (Одеса, 1. IX 1905) – неофицијален месечен орган на МНЛД во С.-Петербург, прво научно-литературно и националнополитичко списание на современиот македонски литературен јазик и правопис и со децидна македонска национална програма. Издавач, уредник и речиси единствен автор на прилозите е К. П. Мисирков. Поради револуционерните настани и недостигот на средства, отпечатениот прв број останува во одеската печатница и се зачувани само цензурните архивски примероци. Целите и задачите Мисирков ги предава во програмскиот воведен збор (на македонски и на руски јазик): „1, тои да уредит известни односи мег, у него, неговата програма, неговите последувачи – мак, едонцките нациионални сепаратисти – од иедна страна, и неговите противници – свите балканцки народности, заинтересувани во мак, едонцкото прашаин, е– од друга; 2, тои к, е требит со научни доводи да се борит со свите словенофили и словенознаици, коии, опираик, и се на историиата и филолог, ииата, одричат сашчествуваин, ето на од’ дел, на словенцка – мак, едонцка – народност; со друзи зборови, на ,Вардар’ му се паг, ат, тои да прегледат свите научни, историицко-лингвистични прашаин, а за народноста на мак, едонците и да £ подложит на строга научна критика, опираики се на нови лингвистични материиали и теориии. Наипосле трек, о и наиглавно, ,Вардар’ не само требит да кладит научна основа на мак, едонцкииот нациионален сепаратизм, но тои требит да покажит нагледно да иет нашииот иазик самобитен, да тои не иет ни српцк, и, ни бугарцк, и и да иет способен за литературно развиваин, е. Редом со достигаин, ето на тои задаток, ,Вардар’ к, е дадит на своиите читачи цел ред интересни за свекои мак, едонец научни и белетристични материиали и со тоа к, е кладит основа на мак, едонцката самостоина наука и литература“. Бројот содржи и: превод на песната „Патник“ од П. Прерадовиќ, ‘ првиот дел од историско-филолошката студија „Изникнуваин, ето и разбор на бугарцката и српцка теориии за народноста на мак, едонците“, етнографско-статистички преглед „Список села од иужна Мак, едонииа“, запис на епска народна песна од Пазарско (од Мисирков), две лирски народни песни од Битолско (запишани од Ф. Николов) и хроника „Современ живот. И. Мак, едонииа“ и „Ⅱ. Словенството. Русииа“). Во „Вардар“ Мисирков прави промени во морфологијата и фонетиката на јазикот: ја отфрла елизијата на интервокалниот согласник -в-, ја променува формата на палаталните согласки (к,г, л,н) и ја додава графемата за темниот глас а, па се изедначува со денешната ‘ литературна норма. Факсимил од првата страница на сп. „Вардар“ (1905) ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, „Вардар”. Научно-литературно и општественополитичко списание на Мисирков (Фототипно издание на списанието „Вардар“), Скопје, 1966; истиот, Македонскиот народ и македонската нација, Ⅱ, Скопје, 1983, 275–384; истиот, Мисирковиот „Вардар”. Прво списание на современиот македонски литературен јазик, Скопје, 2006. Бл. Р.