БУНДАЛЕВСКИ, Марко (с. Галичник, 1936 – Скопје, 2003) – јавен обвинител на Македонија, правник. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1964). Бил општински јавен обвинител во Скопје (1965-1969) и заменик на окружниот јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје (1970-1984). Наименуван е за окружен јавен обвинител во Скопје (1984), а ја извршувал и функцијата јавен обвинител на Република Македонија (1989 – Ⅵ 1996). ИЗВ.: Јавното обвинителство во Република Македонија , Скопје, 2000. Св. ш. Томислав Бундалевски