БУГАРСКИ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ

БУГАРСКИ КОНСТИТУЦИОНИ КЛУБОВИ (1908–1909) – привремени бугарски пропагандни институции во Македонија. По победата на Младотурската револуција и воспоставувањето на парламентарниот систем, во Софија било одлучено во Македонија да се создаде бугарска политичка организација која ќе го про-должи делото на бугарската пропаганда. За тоа биле испратени (снабдени со пари) политички личности од македонско потекло, експоненти на бугарската државна политика. Во Солун бил формиран Конституционен клуб (Ⅷ 1908), а потоа биле формирани месни клубови во повеќе градови во внатрешноста. Основачкиот конгрес на Сојузот на бугарските конституциони клубови бил одржан во Солун (7–13. IX). Главно политичко барање било создавањето нови административни единици со групирање на националностите и со обласна самоуправа, без законодавна власт. Конгресот решил организацијата да не се декларира како политичка партија, туку како национален бугарски сојуз. Потоа бил одржан Вториот конгрес (20–26. Ⅷ 1909). Конгресот остро ја осудил политиката на Владата на младотурците. Се дебатирало за чифлигарското и за мухаџирското прашање со единствена цел заострување на внатрешните спротивности. Владата побарала повлекување од раководствата во Сојузот на агентите од Софија. По затворањето на клубот во Битола било одлучено Сојузот да се распушти, а да се формира нова политичка организација. Централното биро објавило самораспуштање (18. XI 1909) туциони клубови престанал да постои. ЛИТ.: Манол Пандевски, Политичките партии и организации во Македонија (1908-1912), Скопје, 1965. М. Мин.