БРЕЗОСКИ, Славко

БРЕЗОСКИ, Славко (Галичник, 10. Ⅵ 1922) – архитект. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград (1950). Работел во проектантската организација „Проектант” (1950–1961), „Пелагонија” (1961–1963) и „Македонијапроект” (1963–1966); во странство: во Бразил (1962–1963) и во Либија (1966–1969). Професор е на Архитектонскиот факултет во Скопје на Катедрата за архитектонско проектирање – општествени згради (1970–1987). Учествува во повеќе домени на архитектонското творење – проектирање, едукација, научноистражувачка работа и публицистика. Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и различен архитектонски израз. Приврзаник е на модерната, а во некои проекти се инспирира и од традиционалната архитектура. Учествувал на повеќе анонимни архитектонски конкурси на кои освојува врвни награди. Проектирал и реализирал повеќе станбени објекти во Скопје, Велес, Струмица, Свети Николе итн. Негови позначајни реализации се: Комунална банка во Скопје (1955 –1956); Работнички дом во Скопје (1958); спортската сала во спортскиот центар „Црниче” во Скопје (1959); Стоковна куќа „Скопје” во Скопје (1959); објекти на „Југобанка” во Скопје (1960); зградата на Амбасадата на СФРЈ во Бразил (1960); хотелот „Попова шапка” на Попова шапка (1964); Соборната црква „Св. Климент Охридски” во Скопје (1970); стоковната куќа на „Меркур-импорт” во Делчево (1972) и во ПробиШтип (1975); хотелите „Неда” во с. Галичник (1976) и „Славија” на Попова шапка (1981); Спомен-дом на шумарица, Хрватска (1980). БИБ.: школски објекти 1968–73 во Скопје, Скопје, 1975; М. Волканов, Атриум куќа денес, Годишен зборник на Архитектонско-градежниот факултет, 11, Скопје, 1976, 5-20; Атриум кај општествените згради, Зборник 3, Архитектонски факултет, Скопје, 1979, 19-30; Библиотеки: програм, функција, архитектура, Скопје, 1984; Порта – Симбол и функција, Зборник 9-10, Архитектонски факултет, Скопје, 1986/7, 3136; Реканска куќа, Скопје, 1993.ЛИТ.: Десет носители на Наградата Андреја Дамјанов, Скопје, 1999; „Аршин“, бр. 1 – Архитектонски портрети 1: Славко Брезоски; К. Томовски, Архитект Славко Брезоски (1922), во: „Архитектурата на почвата на Македонија од средината на ⅩⅠⅩ до крајот на ХХ век”, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, 14, Скопје, 2006, 123-128. Кр. Т. Хенри Ноел Брејлсфорд