БРАЗДА

БРАЗДА – СКОПЈЕ – агријанска населба на 5 км северно од Скопје, на крајните југозападни падини на Скопска Црна Гора. Во нејзиниот атар се регистрирани разни археолошки локалитети, меѓу кои централно место има локалитетот Градиште, доминантен рид со зарамнето плато на јужната периферија на с. Бразда. Локалитетот е познат како предримска утврдена населба, со најинтензивно живеење во текот наⅤи Ⅳ в. пр.н.е., и како монументална ѕидана гробница од истиот период. На локалитетот се откриени и значајни наоди од постаро време (бронзен накит и керамика од железно и од бронзено време). На самото плато на Градиштето се откриени керамички наоди од железното време, а на една од пониските тераси се пронајдени повеќе бронзени предмети, приврзоци и разни форми накит карактеристични за Ⅶ в. пр.н.е. Овие наоди упатуваат на живот и активности (можни погребувања) на Градиштето уште во текот на полното железно време. Во северното подножје на локалитетот се откриени бројни наоди на керамика од бронзеното време. ЛИТ.: И. Микулчиќ, Скопје со околните тврдини, Скопје, 1982; И. Микулчиќ – В. Соколовска, Гробница Бразда кај Скопје, „Мацедониае Ацта Арцхаеологица”, 11, Скопје, 1990. Др. М.