БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме

БОЈАНОВСКИ-ДИЗЕ, Диме (Димче) (Прилеп, 12. Ⅷ 1909 – Скопје, 2002) – комунистички деец, борец, правник, историчар, универзитетски професор, публицист и преведувач. Како член на КПЈ (1932), самоиницијативно го издавал илегалниот весник „Ударник” (декември 1932 – мај 1933) како „орган на КПЈ“, поради што бил осуден на шест години во КПУ „Сремска Митровица” и во КПУ „Лепоглава”. Подоцна бил исклучен од КПЈ (1939). Непосредно пред Втората светска војна бил интерниран во Ивањица (Меѓуречје, Црна Гора). Во времето на НОАВМ работел во Агитпроп при Гш на НОВ и ПОМ. По Ослободувањето го завршил Правниот факултет и бил министер за трговија и министер за правда во Владата на НРМ (1949–1958), професор по политичка економија на Економскиот факултет во Скопје (од основањето до 1956), директор на Економскиот институт (1950–1955), претседател на Трговската комора на Македонија (1962-1967), член на Извршниот совет на СРМ и др. Ги превел на македонски делата од класиците на марксизмот „Капи-тал”(И-Ⅲ) и „Увод во критиката на политичката економија”. БИБ.: Прилог кон проучувањето на општествено-економските односи во Македонија во ⅩⅤ и ⅩⅤⅠ век, Скопје, 1979; За карактерот на револуцијата од 1941– 1944 и на бугарскиот фашистички режим во Македонија, Основањето и развојот на Комунистичката партија на Македонија, кн. втора, Скопје, 1980, 893-916. С. Мл.