БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА

БОТАНИКА ВО МАКЕДОНИЈА. Во Македонија развитокот на ботаниката се одвива доцна, поединечно и изолирано во некои од достапните подрачја. Првиот пишуван податок со флористички белешки е од Ами Буе (Ами Боуé) во неговото истражување Ла Турљуие д’Еуропе (1840) и од А. Гризебах (А. Грисебацх) со трудот Специлегиум флорае Румелицае ет Бѕтхѕницае (1843). Следуваат повремени, а потоа и зачестени истражувања кои даваат опис и попис на локалната флора, откривајќи нови видови и подвидови, наречени според местото на наоѓањето. Сите овие истражувања и пишани податоци се вршени од странски ис-тражувачи, надвор од Балканот. Во почетокот на ⅩⅩ в. е зголемен бројот на истражувачите од со-Аугуст Гризебах, истражувач на ботаниката во Македонија седните земји. Учеството на македонски истражувачи започнува во втората половина на ⅩⅩ в. Истражувањата се условно поделени на две етапи: првата во која целата ботаничка активност е флористичка, надополнета со други ботанички истражувања, започната од половината на ⅩⅠⅩ в. до 50-тите години на ⅩⅩ в., и втората од 1950 г., па с” до денес, со широк дијапазон на ботанички истражувања. Прва етапа. Поради неразвиеноста и несигурноста на комуникациските врски, мал е бројот на заинтересирани истражувачи. Се движат по сливот на Вардар, ис-тражувајќи ги планините и рамнините од шар Планина до планината Ниџе. Резултатите од истражувањата се отпечатени во познатото дело на А. Гризебах (1843). Значајни се и истражувањата на Е. Форманек (Р. Форманецк), подоцна ревидирани од Г. Вандас (Г. Вандас, 1909). Л. Адамовиќ (Л. Адамовиц, 1909) од Хрватска ги проширува истражувањата и во Србија и во Македонија, поставувајќи основи за вегетациски согледувања, покрај флористичката детерминација на нови растенија, растителни покривки, медитерански елементи и растителни формации, значајни и за сегашноста. Ј. Дорфлер работи на Алшар и на шар Планина. Првите податоци за микро и за макрофитската флора на езерата се од Ст. Петков (Бугарија). Ј. Петровиќ (Србија) дава преглед на флората на планините Јакупица, Даутица, Кораб и Бистра. Во Првата светска војна ботанизирале одреден број германски и бугарски истражувачи. Ј. Борнмилер (Ј. Борнмуллер) собраните материјали ги публикувал во 1925 и во 1928 г. Т. Херцог (Тх. Херцог), тогашен „фронт солдат” дава флористички опис на местата каде што се наоѓал, отпечатен во 1918/19 во ДБЗ. Унгарскиот флорист Ј. Б. Кумлер (Ј. Б. Кумлер) во 1918 г. работел на флората на планината Кораб. Т. Николов и Н. Стојанов ја опишале флората на планините во Источна и Средна Македонија. Кон с” побројните флористи, фитогеографи и фитоценолози значителна улога има Н. Кошанин. Во бројните трудови (25) темелно ја опишува и ја разработува флората и вегетацијата на повеќе планини и определува нови видови растенија, а неговите сознанија се печатени во научни и стручни списанија. Во своите девет труда П. Черњавски има опишано шест нови видови растенија за флората на Охридската Котлина. На ист начин, Т. Сошка дава преглед и опис на флората и вегетацијата. Иво Хорват (Хрватска) во своите трудови дава преглед на високопланинската вегетација, како и на растителните заедници на карпи, сипари и шуми. Слична проблематика обработува и Стијепан Хорватиќ (Хрватска). Овие истражувања се значајни како фундамент за развитокот на фитоценологијата и за откривањето нови видови. Од не помало значење се трудовите на И. Рудски, К. Мали, С. Јаковлевиќ и Хајек (И. Рудскѕ, К. Малѕ, С. Јаковлевиц, Хаѕек), кои во текот на повеќе години работеле врз флората и растителноста на многу локалитети во Македонија. Резултатите од нивното ботанизирање се печатени како бројни публикации во реномирани европски списанија (1840– 1950). Заклучно до 1900 г. се отпечатени повеќе од 25 трудови. Втора етапа. Со формирањето на Ботаничкиот завод на Биолошкиот институт на Филозофскиот факултет почнуваат активни ботанички дејности, раководени од проф. Борис Китанов. Во своите истражувања практично ги обработил планините во Централна и во Западна Македонија. Првите Природонаучниот музеј во Скопје стотици хербарски листови со негов потпис на придружната етикета се основата на хербариумот на Ботаничкиот институт, правен во периодот 1947–1948 г., кој се дополнувал со хербарски материјал од дотогашни истражувачи, но и одделно дополнуван од следните генерации таксономисти што продолжува континуирано. Во 1949 г., раководител на Ботаничкиот завод станува проф. д-р Роко Вуковиќ, признат и познат цитолог. Обуката се проширува со цитологија и анатомија. Воведувајќи во наставата практични методи и препарати, поставува основи за микроскопски практикум, со што се овозможува истражување на фината структура на ткивата и органелите на клетката. Со доаѓањето на проф. д-р Миховил Грачанин (1955) се воведува растителна физиологија и екологија. Се отвораат соодветни лаборатории со неопходна апаратура за да се обезбеди адекватно образование. Библиотеката се опремува со неопходната литература. Најдобрите студенти се вклучени во наставниот процес како лаборанти, демонстратори, а по дипломирањето и се избрани за асистенти. Се подготвуваат и првите докторски дисертации, кои се одбранети во 1958 и по 1960 г. По изборот за доценти, првите македонски доктори по биолошки науки ја преземаат наставата по соодветните дисциплини и се создаваат услови за создавање нови автохтони кадри по ботаничките дисциплини. Се отвора Оддел за ботанички дисциплини на Природонаучниот музеј на Македонија со цел да се колекционира растителниот фонд на Македонија. На сличен начин работи и Ботаничкото одделение на Хидробиолошкиот завод во Ох-рид за изучување на макрофитската флора и вегетација како и на фитопланктонот, кој претставува значајна алка во внесувањето енергија во овој воден екосистем. На Земјоделско-шумарскиот факултет се развива предметот ботаника. Формирани се лаборатории за настава и за истражувачка активност и се организирани хербариуми и прирачна ботаничка градина за потребите на разните агрономски насоки. Научната подготвеност овозможи ботаничкиот кадар да се вклучи и во проекти од агроекологијата, лозароовоштарската и земјоделската насока, како и во шумарството и фармацијата. Посебна активност во подготовката на кадри е издавачката дејност. Издадени се повеќе средношколски и факултетски учебници, со кои се осовременува наставата на матичните и на апликативните факултети. Од големо значење е излегувањето на повеќетомната „Флора на Република Македонија ”, како и обработката на низинските, брдските, шумските и високопланинските фитоценози. Во ботаничката градина на Ботаничкиот завод се засадени автохтони ендемски растенија и е набавуван семенски и саден материјал. Ретките ендемски растенија се одгледуваат на прос-тори што соодветствуваат на при-Од ботаничката градина при ПМФ, Скопје родните наоѓалишта, а во неа се започнати и научни проекти во контролирани улови. Рад. Гр.