БЛАГОЕВ, Трајко (с. Владимирово, Малешевско, 25. Ⅷ 1876 – Софија, 1937) – учител, член на Струмичкиот окружен комитет и раководител на Комитетот во Малешевско. Завршил педагошко училиште во ќустендил и педагогија на Универзитетот во Софија (1904). Бил учител во Владимирово, Малешевско (1896–1897). Член на МРО од 1895 г. и заменик-претседател на Струмичкиот окружен комитет (1898–1899) и раководител на Малешевскиот револуционерен реон (1899–1900). Од 1901 до 1905 г. бил заменик-редактор на весникот „Реформи“ и активист на Малешевското братство во Софија. Автор е на повеќе учебници по географија. ЛИТ.: Борис Николов, Вътрешна македоно-одринска револÓционна организация (войводи и ръководители 1893–1934), София, 2001. В. Ѓ.