БЛАГОЕВ, Никола Попов (с. Ракита, Кајларско, 15. Ⅱ 1868 – Софија, 1944) – правник, унив. професор. Завршил класична гимназија во Битола (1889) и Правен факултет на Универзитетот во Белград (1894). Бил редовен доцент (1916-1925) и вонреден професор (1926-1934) по историја на бугарското и словенското право на Софискиот универзитет. Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Има објавено значајни трудови за богомилството, Самуиловата држава и за востанието на Петар Делјан. БИБ.: Правни и социални в„згледи на богомилите, Софи®, 1912; Беседата на презвитер Козма против богомилите, „Годишник на Софийски® университет – Áридически факултет“, 18, Софи®, 1923, 1-80; Произход и карактер на цар Самуиловата д„ржава, „Годишник на Софийски® университет – Áридически факултет“, 20, Софи®, 1924-1925, 1-107; Дел®н и неговото в„стание в Моравско и Македони® против византийците, „Македонски преглед“, Но 2, Софи®, 1928, 2-22. С. Мл.