БЛАГОВЕЦ

БЛАГОВЕЦ (Свето Благовештение, Благоец, Благовест) – неподвижен или постојан христијански празник (25/7 април). Се смета за тежок празник. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден, поради што се вели: „Благовец прв ден Велигден”. Светото евангелие според Лука раскажува дека архангел Гаврил бил испратен од Бога да $ соопшти на девојката Марија од Назарет дека таа е одредена од Бога да го роди Спасителот: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените” – $ рекол тој. А кога Света Дева Марија помислила: „Каков ќе биде овој поздрав?”, ангелот $ рекол: „Не бој се Марија, зашто си нашла милост пред Бога; и ете ти ќе помало од потребното, „Благовештение“, царски двери, Нерези, Скопско (ⅩⅤⅠ в.) зачнеш во утробата и ќе родиш син и ќе го крстиш со името Исус. Он ќе биде голем и ќе се нарече син на Севишниот и ќе му го даде Господ Бог престолот од неговиот татко Давида и ќе царува над до-мот Јаковов секогаш и царството негово нема да има крај”. (Лука 1/27-33). Црквата го востановила овој празник во чест на таа блага вест. Се празнува точно девет месеци пред Рождество Христово (Божик). Но, нема попрецизни податоци од кога се празнува овој празник. Со сигурност се знае сигурно дека се празнувал во Ⅶ в., но некои сведоштва укажуваат дека тој се празнувал и неколку векови порано. Како благ ден, се верувало дека тогаш раната не боли, па на малите женски деца им ги дупеле ушите. Како пролетен празник, со овој ден е поврзано и излегувањето на змиите и доаѓањето на птиците преселници од топлите краишта (штркот, ластовицата, пупунецот, славејот и др.). Се верува дека тие на овој ден ќе дојдат дури и да врне снег. Иако се паѓа во тешките велигденски пости, на Благовец се јаде риба. Дури тоа се смета и за потребно, за здравје. Затоа и сиромасите се труделе да купат риба, само „да се облажет со рибино”. Тогаш излегувале в планина арамиите, верувајќи дека токму тој благ ден ќе спечалат многу благота, многу пари и нема да претрпат некоја штета или несреќа. ЛИТ.: Српски народни обичаји у йев—елиској кази, прикупио и описао Стефан Тановић, учитељ, Београд, 1927; Лазар Мирковић, Хеортологија, Београд, 1961; Марко К. Цепенков, Книга деветта, Народни верувања, детски игри. Редактирале д-р Кирил Пенушлиски и Лепосава Спировска, Скопје, 1972; Наум Целаковски, Дебарца, обреди и обредни игри, Скопје, 1984;. Свето писмо на Стариот и Новиот завет, Скопје, 1990. М. Кит.