БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ

БЛАГАЈНИЧКИ ЗАПИСИ НА НБРМ – краткорочни хартии од вредност што ги издава НБРМ. Благајничките записи се продаваат по дисконтиран износ, а на денот на достасувањето се исплаќа нивната номинална вредност, при што разликата меѓу номиналниот и дисконтираниот износ ја претставува каматата што ја носат благајничките записи. Благајничките записи можат да се се издаваат со различни рокови на достасување, како: 3, 7, 14 и 28 дена. Благајничките записи се издаваат во дематеријализирана форма, а НБРМ води регистар на сопственоста на благајничките записи. НБРМ ги продава благајничките записи на аукции, на кои можат да учествуваат само комерцијалните банки. Аукциите се одржуваат во редовни термини, а постојат два основни типа тендери: тендери со износи и тендери со каматни стапки. Кај тендерите со износи, вкупниот износ на благајничките записи што се нуди на продажба и каматната стапка се одредени од НБРМ, а банките доставуваат понуди само за износот на благајничките записи што сакаат да ги купат. Кај тендерите со каматни стапки, централната банка однапред го утврдува само вкупниот износ на благајничките записи што го нуди на продажба, додека бан-ките лицитираат со износите и каматните стапки. Аукциите на благајничките записи за прв пат се воведени како инструмент на монетарното регулирање на 14. Ⅱ 1994 г. Почнувајќи од 2000 г., благајничките записи се основниот инструмент преку кој се води монетарната политика во РМ, додека нивната каматна стапка е главната референтна каматна стапка на НБРМ. Притоа, преку промена на висината на каматната стапка на благајничките записи и на типовите тендери, централната банка испраќа сигнали за насоката на монетарната политика. Во услови на вишок на ликвидни средства во банкарскиот систем, т.е. при зголемена понуда на пари, централната банка ги употребува аукциите на благајничките записи како инструмент за повлекување пари. Тогаш, таа го зголемува износот на благајничките записи што го нуди за продажба и ги зголемува нивните каматни стапки. Обратно, доколку централната банка оцени дека количеството пари во оптек е на благајничките записи што го продава и ги намалува нивните каматни стапки. Во продолжение, ако централната банка сака да ги стабилизира пазарните каматни стапки, тогаш таа применува тендери со износи, а ако сака да ја поттикне улогата на пазарните сили во формирањето на каматните стапки, таа применува тендери со каматни стапки. ЛИТ.: Љупчо Трпески, Пари и банкарство, Ецономѕ Пресс, Скопје, 2003, 502–506; Кики Мангова Поњавиќ, Ванчо Каргов, 60 години централно банкарство во Република Македонија , Народна банка на Република Македонија , Скопје, 2006, 133. Г. П.