БИЦЕВСКА, Кита

БИЦЕВСКА, Кита (с. Малино, Светиниколско, 10. Ⅱ 1946) – филолог, редовен проф. на Филолошкиот факултет (Катедра за славистика) во Скопје. Основно училиште и гимназија завршила во Свети Николе (1965), а Филозофски/Филолошки факултет (славистика) во Скопје (1969). Магистрирала на темата „Јазичните особености на Карпинскиот апостол“ (1977), а докторирала на темата „Правописни и фонетски особености во македонските ракописи од Северна Македонија од ⅩⅠⅠⅠ и ⅩⅣ век“ (1991). Првин работела во Институтот за маке-Кита Бицевска донски јазик „Крсте Мисирков“ (1970-1988), а потоа преминала на Филолошкиот факултет како професор по Граматика на современиот руски јазик и Вовед во славистиката. Повеќепати учествувала како лектор или предавач во работата на традиционалниот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Како лектор по македонски јазик работела на Катедрата за македонски јазик на Универзитетот „Ломоносов“ во Москва (1981-1983) и на Катедрата за славистика на Универзитетот „Јотвош Лоранд“ во Будимпешта (1991-1993). Член е на Македонскиот славистички комитет. Нејзина научна преокупација е историјата на македонскиот јазик. Учествувала на повеќе меѓународни симпозиуми и конгреси. Автор е на околу сто библиографски единици. БИБ.: Почетен курс по македонски јазик за странци, Скопје, 1995; Карпинско евангелие, Скопје-Прилеп, 1995 (со В. Десподова – редактор, Д. Пандев и Љ. Митревски); Правописни и фонетски особености во македонските ракописи од Северна Македонија од ⅩⅠⅠⅠ и ⅩⅣ век, Скопје, 2000. С. Мл.