БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД

БИТОЛСКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ” . (кај с. Лавци, Битолско, септември 1942 – Битолско, крајот на март 1943). Бил наречуван и Народноослободителна партизанска чета. Извршил напад на бугарскиот екипаж кај железничката станица Српци–Беранци (10. XI 1942); поделен по групи, одржувал политички митинзи по битолските села (зимата 1942/43), а потоа влегол во состав на Битолско-преспанскиот НОПО „Даме Груев”, со кој се префрлил на костурско-леринското подрачје. ЛИТ.: Битолските народноослободителни партизански одреди, Битола, 1982; Владо Стрезовски – Ѓорѓи Димовски-Ласков, 7. македонска бригада и 49. дивизија на НОВЈ, Битола, 1987; Македонија од устанка до слободе 1941–1945. (Зборник радова), Београд, 1987. С. Мл.