БИТКАТА КАЈ ПИДНА

БИТКАТА КАЈ ПИДНА (168 г. од ст.е.) – последната битка во Третата македонско-римска војна меѓу македонскиот крал Персеј (171–168 г. од ст.е.) и римскиот војководец Емилиј Павел. По жестока краткотрајна битка (од обете страни војуваат по 40.000), македонската фаланга е разбиена (20.000 загинати, 6.000 заробени). По поразот Персеј се засолнува во Амфипол, подоцна е заробен на о. Самотраки. Заробеното кралско семејство и македонската аристократија се испратени во прогонство, а македонското население е раселено. Македонија, по опустошувањето од римската војска, е ставена под рим-ски протекторат и е поделена на четири дела (мериди), со забрана за меѓусебна комуникација. Александар во битката кај Исос (333 пр.н.е.), мозаик од Помпеја Битката кај Пидна (168 г. пр.н.е.) ЛИТ.: Тити Ливѕ, Аб урбе цондита либри, Липсиае, 1906; Н. Проева, Студии за античките Македонци, Скопје, 1997. А. шук.