БИТКАТА КАЈ МЕТОНА (353 г. од ст.е.) – битка што ја води македонскиот крал Филип Ⅱ за освојување на гр. Метона на пиерискиот брег од Солунскиот Залив, сојузник со Атина. За време на опсадата, кралот Филип е ранет од стрела и го губи десното око. По освојувањето на градот граѓаните се протерани, а во него се населени македонски колонисти. ЛИТ.: Јустин, Филиповата историја. Прев. Љ. Басотова, Скопје, 2000; Демостен, Говори. Прев. Д. Чадиковска, Скопје, 1995. А. шук.