БИТКАТА КАЈ КУРАПЕДИОН

БИТКАТА КАЈ КУРАПЕДИОН (281 г. од ст.е.) – последната голема битка во епохата на дијадосите; се одиграла во Лидија, меѓу Лисимах и Селевк, за кралскиот престол во Македонија. Во битката загинува Лисимах кој, како крал на Македонија (284–281), во овој период успева да ја наметне власта во Тесалија, Фокида и Етолија. Победникот Селевк (последниот од дијадосите, основач на династијата Селевкиди, која владее со азијскиот дел) истата година е убиен од Птолемај Кераун, син на Птолемај Лаг, еден од дијадосите, кој го владее Египет, основачот на династијата Птолемаиди. ЛИТ.: Диодорус Сицулус, 12 волс. Харвард Университѕ Пресс, 1963; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. А. шук.