БИСАЛТИ

БИСАЛТИ – население што живеело во Бисалтија, западно и ис-точно од р. Стримон, северно од Амфипол. Нивното населување на источниот брег на Стримон се случува, најверојатно, со освојувачките походи на Александар Ⅰ Македонски воⅤв. од ст.е. Нивни соседи се Едонците и Одомантите. Во 167 г. од ст.е. Б. биле припоени кон првата македонска об-ласт, која се простирала од р. Стримон до р. Места. ЛИТ.: Тхоуцидидес, 4 волс., Харвард Университѕ Пресс, 1958; Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. А. шук.