„БИЛТЕН“ (Кумановско, 1. Ⅹ 1943 – 20. Ⅰ 1944) – орган на шта-бот на Петтата оперативна зона на НОВ и ПОМ, на кумановски дијалект. Бил умножуван на циклостил, а зачувани се само два броја. Во уводната статија од првиот број „Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија го бијат окупаторот, ослобаѓаат територија“ се коментира капитулацијата на Италија и создавањето на народноослободителните комитети како органи на борбата, а особено значајни се и написите за партизанските дејствија во Тиквешијата и во Кумановско. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 421–423. С. Мл.