БЕШ ТЕПЕ

БЕШ ТЕПЕ (Анче) (с. Карбинци) – микролокација на античкиот град Баргала. Се наоѓа на околу 700 м ј-и од селото, на десната страна на Радањска Река. Овој турски топоним се однесувал на високи могили од кои денес се зачувани три. Во Втората светска војна (1941-1943) со орање на нивите била најдена плоча со латински натпис во пет реда, што подоцна ја објавил бугарскиот археолог И. Венедиков. Во содржината на текстот, датиран во 371 г., се соопштува дека во време на императорите Валенс и Валентинијан, по наредба на управникот Антониј Алипиј, населението на Баргала подигнало капија. ЛИТ.: Иван Венедиков, Баргала, Разкопки и проучвания 1, София, 1948, 88. В. С. Библија (Свето писмо) – првиот полн современ македонски превод (1991)