БЕСА

„БЕСА“ – албанска организација (Белград, 1935–1941), формирана од студентите Албанци од Македонија и од Косово, по инструкции на Военоразузнавачката служба на Италија (СИМ), преку Албанското претставништво во Белград. Разгранок во Македонија (Тетово) бил формиран при крајот на 1938 г. од шаип Камбери, Идриз Ибрахим Црцр и Сеап Селман (Селим Сехати) за да дејствува за национално освестување на Албанците во Кралството Југославија. Се расформирала во 1941 г. по доаѓањето на Италијанците во Македонија. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. „БЕСВИНА“, ИСЕЛЕНИЧКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО