БЕН ЛЕВ, Јосеф

БЕН ЛЕВ, Јосеф (Битола, 1500 – Солун, 1580) – рабин, специјалист за еврејското право. Се преселил во Солун (1534), станал претседател на Еврејскиот суд во Солун. Ги бранел интересите на солунските еснафи за производство на ткаенини во рамките на феудалното еснафско занаетчиство. Се прочул како заштитник на бедните Евреи. Дошол во судир со претставниците на еврејската елита, па неговите синови биле убиени, а тој морал да избега во Истанбул. Автор на четиритомно дело (прашања и одговори) печатено во Цариград (1556, 1573 и 1597). Неговите „респонцес“ биле препечатени во два тома во Амстердам (1726). ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Еврейски извори за обцествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠ век, И, София, 1958; Еврейски извори за обÈествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠⅠ век, Ⅱ, София, 1960. Ј. Нам.