БЕНДЕВСКИ, Трајан

БЕНДЕВСКИ, Трајан (с. Ѓавато, Битолско, 1937) – правник, унив. професор. Основно и средно училиште завршил во Битола. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1962). Магистрирал (1973) и докторирал (1985) на Правниот факултет во Скопје. Предавал Меѓународно приватно право на Правниот факултет во Битола (1984–1994) и Меѓународно приватно право и Право на ЕУ на Правениот факултет во Скопје (1994–2003) и на ФОН во Скопје (од 2003). Бил генерален секретар на Универзитетот „Кирил и Методиј” во Скопје (1965–1980) и декан на Правниот факултет во Битола (1986–1988). Арбитер е во Постојаниот избран суд (Арбитража) при Стопанската комора на РМ (1993–) и во меѓународни трговски арбитражи. Автор е на над 60 научни и стручни трудови од областа на меѓународното приватно право и правото на ЕУ. БИБ: Право на ЕУ, Скопје 2000; Меѓународно приватно право, Скопје 2005. ИЗВ.: Архива на Правен факултет „Јустинијан Први”, Скопје, 2007. Т. Петр.