БЕЛОГАСКИ, Љубомир (Делчево, 15. Ⅳ 1911 – Скопје, 15. Ⅱ 1994) – сликар, универзитетски професор, најпознат македонски акварелист, основоположник на македонската модерна уметност. Дипломирал на Уметничката школа во Белград (1938). Тој е основач на Графичкиот отсек во Училиштето за применета уметност во Скопје (1949). Бил редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Во Музејот на современата уметност во Скопје, имал голема ретроспектива (1978). Работел импресионистички пејзажи од Македонија и од Јадранскиот брег (Везилка, 1945; Блед, 1958; Пестин град 1, 1955). ЛИТ.: Љубица Дамјановска, Љубомир Белогаски, Скопје, 1978; Лазо Плавевски, Љубомир Белогаски, Скопје, 1991. С. Аб.-Д.