БЕДУА

БЕДУА (Беддуа) – клетвата е поврзана со верувањето во разни натприродни појави, како: претскажувања, баења, предодреденост на случките и настаните, што довело до верувањето во натприродната сила на говорот. Се верувало дека меѓу случките во животот и зборовите со кои тие се именуваат постои тесна врска и органска зависност, дека зборовите, како израз на една желба, имаат власт да ги предизвикаат самите тие нешта или состојби. Во моменти кога човекот се наоѓа во неизвесност пред некој значаен настан од животот, тогаш се прибегнува кон говорна магија со цел да се олесни психичката напрегнатост. Во такви моменти на очајување и несреќа, мака или омраза и завист се раѓа клетвата. Најчести клетви се оние што поради честата употреба се јавуваат како своевидни формули. При изговарањето на клетвите, исто како и при благословите, своите желби човекот најчесто ги искажува повикувајќи се на неприкосновениот божји авторитет. Најчести желби во клетвените формули се: „Аллах верс›н ермес›н хафтас›на!” (Алах несреќа да му даде!), „Аллах цан›ни алс›н!” (Алах душа да ти земе!), „Аллах верс›н доѕмас›н генç ѕаþ›на!” (Алах младоста да му ја земе!), „Аллах фукарал›ктан куртармас›н!” (Алах од сиромаштво да не те избави!), „Аллах гüзлер›ни кöретс›н!” (Очите да му ослепат!), „Гüлери ѕолда калс›н!” (Очите на патиштата да му останат!), „Аллах верс›н карни ток, гüзлери аç калс›н!” (Стомакот сит, очите гладни да му бидат!), „Аллах канли ѕаþлар верс›н!” (Очите крвави солзи да му ронат!). Според турските народни верувања, клетвите имаат задолжителна сила и неминовно се исполнуваат, а исполнувањето е рамносилно на законитост, бидејќи резултира од верувањето во магиската сила на зборот. Се верува дека е најтешка мајкината и татковата клетва, особено ако се изречени во конкретни лоши моменти. ЛИТ.: Севим Пиличкова, Кон проучување на верувањата кај Турците од Македонија, Ⅻ меѓународен симпозиум за балкански фолклор, Охрид, 1997, „Македонски фолклор”, ЏЏВИИ, 54, Скопје, 1999, 33–37; Магиската сила на зборот, ЏЏЏВИИИ меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура. Научна конференција, Охрид, 5–25. Ⅷ 2005. С. Пил. БЕЗ’РБЕТНИЦИ (Инвертебрата) – група организми од животинското царство што немаат ’рбет. Не претставуваат таксономска категорија, бидејќи нивното обединување не е природно групирање, иако конвенционално, тоа име с” уште е задржано во употреба. Според богатството на видовите, разновидноста на формите и одликите на животниот циклус без’рбетниците се доминантна група на планетата Земја. Досега во светот се регистрирани вкупно 1.300.000 видови животни, од кои на без’рбетниците отпаѓаат 1.262.000. Доколку се исклучат инсектите, околу една половина од сите други без’рбетни организми се жители на морињата, средина во која се зачнал животот. Во Македонија се присутни 11 типови без’рбетни организми, со вкупно 9.339 видови, од кои 579 се македонски ендемити: тип протозои или праживотни (Протозоа), застапен со 113 видови (32 ендемити); тип сунѓери (Порифера), со девет видови (пет ендемити); тип сплескани црви (Платхелминтхес), со 85 вида (35 ендемити); тип коприварки (Цнидариа) со два вида – тип врвчари (Немертеа), со еден вид – тип ротатории (Ротифера), со 60 видови; тип нематоди (Нематода), со 553 видови (три ендемити); тип мекотели (Моллусца), со 276 видови (95 ендемити); тип прстенести црви (Аннелида), со 160 видови (42 ендемити) и тип членконоги (Артхропода) со 7.574 видови (367 ендемити). Без’рбетната фауна кај нас с” уште не е доволно проучена, па оттаму се очекува дефинитивниот број на видовите да биде далеку поголем. ЛИТ.: С. Петковски, Фаунал диверситѕ, во: Цоунтрѕ Студѕ фор Биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (Фирст Натионал Репорт). Министрѕ оф Енвиронмент анд Пхисицал Планнинг, Скопје, 2003, 217; П. А. Меглитсцх, Инвертебрате Зоологѕ, Оџфорд, 1972; Ј. Иллиес, Лимнофауна Еуропаеа. А Цхеклист оф тхе Анималс Инхабитинг Еуропеан Инланд Њатерс, њитх Аццоунтс оф тхеир Дистрибутион анд Ецологѕ (еџцепт Протозоа), Стутгарт–Нењ Ѕорк–Амстердам, 1978. Св. П. – В. Сид.