БАЊИШТЕ

БАЊИШТЕ – Дебарска Бања – се наоѓа на 4 км северозападно од Дебар, во подножјето на планината Крчин, на надморска височина од 870 м. Со Дебар е поврзана со асфалтен пат. Термоминералните извори кои ги има три, се предис2007 е М. Х. Поленаковиќ. М. Пол. Бања Банско Бањиште, Дебарска Бања понирани со длабински раседи. Се наоѓаат во терен покриен со флувиоглацијални седименти и термален бигор. Вкупното количество вода од трите извори изнесува 90 л/сец со температура помеѓу 36° и 39°С и радиоактивност од 17 до 27 М.Е. По хемискиот состав, водата спаѓа во групата сулфурно-карбонатни, земно-алкални и мурјатични води. Во себе содржи растворени гасови, особено сулфурводород и јаглероден диоксид. Тие, заедно со високата температура и радиоактивност, преку капење и пиење успешно лекуваат повеќе видови болести како ревматични, гинеколошки и кожни болести, и воспаление на дишните органи. Двата базена, кои и сега се користат, се изградени во далечната 1797 г., а првиот современ хотел во 1925 г. Денеска во бањата има два хотела и 6 вили со вкупен капацитет од 400 легла. Годишно во бањата престојуваат по околу 10.000 посетители, кои остваруваат просечно 80.000 ноќевања. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Дебарски Бањи, Бањиште и Косоврашка Бања, „Географски разгледи”, кн. 8-9, Скопје, 1971. Ал. Ст.