БАЉОВА-ВЕРА, Евдокија Фотева (с. Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, 2. Ⅷ 1926) – припадник на македонското и на грчкото комунистичко движење. Во Втората светска војна (1941–1945) активно учествувала во антифашистичкиот отпор „Балканско сдружение”, орган на МНС во Америка Банско, единствениот антички балнеум во РМ Евдокија Фотева Баљова-Вера во Грција. Деец на СНОФ, секретар на женската организација во Костурскиот регион, секретар на НОФ во околијата Сорович – Кајлари, секретар на АФЖ за Леринскиот округ. По ноември 1946 г. секретар на АФЖ за Егејскиот дел на Македонија. Учесник во Граѓанската војна во Грција (1946 –1949). По поразот на грчките републикански сили (ДАГ) била обвинета од КПГ за „агент на меѓународната реакција“ и спроведена во советските затвори и логори (Лубјанка, Лефортово и Буртика). По ослободувањето од лого-рот (1956) се вратила во НРМ. БИБ.: До пеколот и назад, Скопје, 2004. Ст. Кис. Бамја