БАЈАЛСКИ, Ристо

БАЈАЛСКИ, Ристо (Стојаково, Гевгелиско, 1926 – Москва, 20. XI 1998) – новинар кој целосна афирмација постигнал пишувајќи долги години за „Борба” и „Политика”, неделникот НИН и Југословенската телевизија. Почнал во скопските спортски весници „Фискултурен глас”, „Спортски глас” и „Спорт” (1947-1951). Во „Нова Македонија” бил соработник во Внатрешнополитичката рубрика (1952) и дописник од Белград, известувал и од бурните денови во Унгарија (1956). Во 1960 г. минал во „Борба”, како дописник во Москва, за по три години повторно да се најде таму како дописник на „Политика” – сè до пензионирањето. Уживал висок углед како извонреден познавач на советските прилики и состојбата со социјалистичката заедница. Б. П. Ѓ. Димитар Бајалџиев