БАРГАЛА

БАРГАЛА (Горен Козјак) – утврдена населба од доцноантичко време и епископски центар. Градот израснал од римско воено утврдување (каструм), за што сведочи натписот на камената плоча од 371 г., случајно пронајден во с. Карбинци. Според него, градот се наоѓал во провинцијата Средоземна Дакија. Хиерокловиот синегдем го наведува епископот Дарданиус како учесник на Халкедонскиот собор во 451 г., кога градот се наоѓал во провинцијата Македонија Салутарис. Утврдувањето има неправилна правоаголна форма (280 х 185 м), со четвртести одбранбени кули и ѕид широк 2,20 м. На западната страна е главниот двоен влез во градот. Кон воениот карактер на градот се надоврзува и се развива и цивилниот. Во текот на Ⅳ– Ⅵ в. градот прераснува во моќен епископски центар на Средна Брегалница, постигнувајќи најголем подем во времето на Јустинијан. Настрадал во походите на варварите во доцниот Ⅵ и раниот Ⅶ век. Во 1966–1970 г. е откриена трикорабна базилика со под од камени плочи, а во северниот кораб мозаик од крупни тесери. Презвитериумот е со под во опус сецтиле. Внатрешноста била со богата архитектонска камена пластика. На еден капител стои името на епископот Еремија. На северниот периметрален ѕид (од надворешна страна) се наоѓа баптистериум со две градежни фази. Во комплексот на епископската базилика влегува и градската писцина и станбен комплекс за епископската резиденција. Базиликата била изградена кон крајот на Ⅳ в., а доградувана воⅤи во Ⅵ в. Во истражувањата е откриено депо од 277 рановизантиски монети од Анастасиј И, Јустин И, Јустинијан И, Јустин Ⅱ, Тибериј и Маврикиј. Локалитетот го истражувале И. Венедиков, Б. Алексова, С. Манго и З. Белдедовски. ЛИТ.: И. Венедиков, Баргала. Раскопки и проучвания, И, София, 1948, 82–97; Б. Алексова – Ц. А. Манго, А Прелиминарѕ Рапорт, „ДОП“, 25, Њасхингтон, 1971, 263–277; Б. Алексова, Епископијата на Брегалница, Прилеп, 1989, 41–69. Д. З.