БАЛЏАР, ГРАДИШТЕ, ЗЛЕТОВСКО – висок рид над источната периферија на Злетово, 150 м над левиот брег на Злетовица, со издолжено овално плато (167 х 90 м), фортифицирано по работ со одбранбен сувоѕид, идентификувано како рефугиум. Посебно оформена акропола со малтерен ѕид, голема 110 х 35 м, идентификувана како кастел. Во двете утврдени површини се наоѓаат мал број фрагменти од доцноантичка кујнска керамика, тегули, делови од долии, бронзени монети од Ⅲ и Ⅳ в. н.е. и од Јустинијан. ЛИТ.: И. Микулцик, Спатантике унд фрухбѕзантинисцхе Бефестигунген ин Нордмакедониен, Мüнцхен, 2002, Но. 159, Злетово Балцар, 253–254. В. Л.