БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ

БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ – формиран во 1962 г., како прва Балкански фестивал на народни игри и песни, Охрид организирана фолклорна манифестација во Македонија. Ги презентира и афирмира фолклорните традиции на балканските земји. Се одржува во летниот период во Охрид (јули и август), а последниве децении во стандардниот термин од 5 до 12 јули. Во изминатите години на него учествуваа голем број, главно аматерски фолклорни ансамбли и групи од балканскиот, но и од поширокиот регион. Член е на меѓународните фолклорни асоцијации ЦИОФ и ИОФ. М. Кол. Средба на претставниците на Југославија, Грција, Бугарија и Албанија (1943)