БАЛКАНСКА МИНИСТЕРСКА КОНФЕРЕНЦИЈА (Тирана, 24–25. Ⅹ 1990) – конференција на министрите од балканските држави. Учествувале министрите од сите балкански држави. Констатирале битно изменета ситуација во Европа и во светот и дека новиот концепт за безбедност во Европа налагал мултилатерална соработка. Се согласиле дека малцинствата имаат право, во рамките на уставниот поредок, слободно да го изразуваат, да го негуваат и да го развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, битно за добрососедството, заемната доверба, зближувањето и за демократијата на Балканот. ЛИТ.: Балкански уговорни односи, Ⅲ, Београд, 1999. М. Мин.