БАКЕВСКИ, Петре

БАКЕВСКИ, Петре (Кавадарци, 5. Ⅰ 1947) – поет, романсиер, раскажувач, публицист, театарски критичар. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер” и директор и главен уредник на Книгоиздателството „Детска радост” при НИП „Нова Македонија”. Уредник во весникот „Македонија денес”. Член на ДПМ (1974). Бил претседател на Советот на СВП. БИБ.: Пат до летото (поезија, 1972), Земјољубец (поезија, 1975), Крикот на паунот (поезија, 1982), Премиери (театарски критики, 1983), Раскината мапа (поезија, 1984), Лицето на времето (поезија, 1985), Лица и маски (театарски критики, 1988), Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990), Сенката на сонот (поезија, 1990), Терра Магица (поезија, 1991), Живи ѕвезди (поезија, 1992), Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994), Во сенката на мечот (поезија, 1994), Покосница (поезија, 1995), Сто сонети (1997), Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997), Елегии (1998), Балади (1999), Гламни (новели, 2000), Црвен ветар (2001), Тешки облаци (2002), Зајазлен камен (2002), Скрб (записи, 2003), Мојата Итака (поезија, 2003), Еден гавран (раскази, 2002), Два гаврана (раскази 2002), Јато (повести, 2003), Црно јагне, див Балкан (роман, 2004). Автор е на неколку драми. Р.