БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ

БАЗНА ОРГАНСКА И НЕОРГАНСКА ХЕМИСКА ИНДУСТРИЈА ВО РМ – индустрија за производство на суровини за хемиската индустрија, од кои натаму се добиваат полупроизводи и на крај финални производи. На пример, со електролиза на готварска сол (НаЦл) се добиваат базните хемикалии хлор и натриумхидроксид. Со нив се произведуваат полупроизводи, како хартија, пластични маси и друго, а од нив најразлични производи. Базни хемикалии се произведуваат во голем број погони на хемиската индустрија во Македонија. Така, во ОХИССкопје се произведуваат: натриумхидроксид (НаОХ), хлор (Цл ), солна киселина (ХЦл), 2 како и поливинилхлорид, поливинилалкохол и полиакрилонитрил; во Алкалоид – Скопје: технички хемикалии како и алкалоиди (морфиумбаза, морфиумсулфат, кодеинбаза и кодеинфосфат и други); во Рафинеријата ОКТА – Миладиновци: органски растворувачи и слично; во „Југохром” – Јегуновце: калциумкарбид, цијанамид, натриумбихромат и друго; во „Техногас” – Скопје: ацетилен, вар и друго; во Металуршко-хемискиот комбинат „Злетово” – Велес: сулфурна киселина (Х СО ), 24 цинксулфат (ЗнСО ), цинкоксид 4 (ЗнО) и друго (во погонот Металургија) и фосфорна киселина, моноамониумфосфат и друго (во погонот за вештачки ѓубрива). Освен тоа, во повеќе мали производствени погони, настанати во 2000-тите, се произведува и вар (во повеќе погони), бентонити (во Бентомак), зеолити (во Пробиш-Калата, с. Луковица, се откриени Ранохристијанската базилика, Баргала, Штип ОХИС, Скопје тип), како и модар камен (ЦуСО ), 4 алуминиумсулфат (Ал (СО )) и 2 43 др. Св. Х. Ј. – Б. Н. Султан Бајазид И